Gallery

Изложба на Групата ‘ДЕНЕС’

Осврт на Лазар Личеноски

Ликовниот живот во нашата земја од година во година се појако пулсира и се развива како квалитативно така и квантитативно. Но од друга страна пак е потиснат со самото тоа што не постои, салон за помали самостојни изложби на графики и цртежи. Затоа е за поздравување залагањето на групата ‘Денес’ и согласноста на управата на Народниот универзитет, да се приспособат две простории во сутеренот на зградата на улица Никола Парапунов бр.3 и со тоа нашиот град да се здобие со уште една културна установа. Со тоа започнува функционирањето на вистински изложбен салон, кој се наоѓа на ударно и достапно за публиката место, а кој ќе служи се до изградувањето на уметничкиот павиљон (што ќе биде спремен за излагање наредната година).

Во овој мал а вкусно подреден простор е сместена изложбата на цртежи на групата Денес. Интересно е да се забележи дека оваа изложба на цртежи паѓа во исто време кога во уметничката галерија е отворена и изложбата на југословенската графика, па самиот случај е корисен и за излагачите од групата ‘Денес’ – да си ги одмераат своите сили, но и публиката да се запознае со овој род на ликовна уметност.

На оваа изложба групата ‘Денес’ е зголемена со три нови излагачи, а од старите не излагаат Белогаски и Лазески. Излагаат Димче Протуѓер, Јордан Грабуловски, Давид Бафети, Ристо Лозаноски, Боро Крстевски и Божин Барутовски. Овој втор, и ако поскромен и сталожен настап на групата Денес е и поубедителен, затоа што на оваа се наѕира појасна доследност во спроведувањето до крај  на современите концепти. Во исто време пак може да се констатираат кај излагачите, разновидини гледања и разбирања како и стремежи кон индвидиуален израз.

….”Ристо Лозаноски е чист сликарски талент. Неговите кроки цртежи, изложени на оваа изложба не потсетуваат на неговиот прекрасен пејсаж од Прилеп од минатата изложба. Судејќи по бравурозноста на потезот ни се чини кога овие цртежи би биле монотопии во боја, би биле многу интересни остварувања”….

 

 

(Не знам со точност но веројатно некои од овие цртежи биле изложени на оваа изложба)

Главно оваа изложба иако скромна и без големи претензии е едно убаво уметничко остварување и освежување во нашиот ликовен живот како прва изложба на цртежи кај нас и како таква е еден убав културен настан во нашиот град.

Разгледи бр. 7/28 Март 1954.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s