Деведесет и три години од раѓањето на сликарот од Маркови Кули – Ристо Лозаноски

Денес 5ти Март се навршуваат деведесет и три години од раѓањето на Ристо Лозаноски, мојот дедо и воедно животна инспирација – иако за жал никогаш лично не го запознав. Споменот за него, на годишнината на неговото раѓање, е нешто што можам најмалку да сторам за да го обележам овој ден. За жал ,официјално одбележување во форма на изложба или осврт ниту има ниту ќе се случи. Како секој авангарден уметник кој е пред своето време, од многумина, дури и оние познавачите на историја на уметност, дедо ми остана не само недоволно разбран но и недоволно признаен како во времето на своето творење, така и потоа. За жал, тoa е судбината на сите оние кои се издвојуваат од нормативноста на општествените структури, оние кои никогаш не следат никого, оние кои со секој удар на четката бунтуваат.  Дедо ми во својот краток живот од четириесет и две години, има создадено безброј дела во разни техники, кои не само естетски туку и социо-економски имаат оригинална поеткика, која ретко кој уметник во Македонија било во 20ти век, а уште помалку во 21ви век ја има. Неговата, последна ретроспективна изложба е направена пред 37 години. Лазар Личеноски ќе забележи:…..”Ристо Лозаноски е чист сликарски талент”.Според познавачите неговото творештво може да се подели на фигурални композиции (мртва природа и портрети), пејсажно и апстрактно сликарство. Во однос на последното се јавува и како основоположник на нефигуративните тенденции во ликовната уметност со што кон крајот на 50тите години критичарот Радослав Путар по повод изложбата на ДЛУМ во Загреб ќе забележи: ‘единствено тој се осмелил, не треба да се рече се дрзнал, да стапи во близината на апстракцијата’.

Покрај широкиот опус, за време на неговиот краток живот (1923-1965), тој е мошне општествено активен. Во Прилеп работи како професор во гимназија, подоцна и како раководител на Народниот театар. Во Скопје раководи со ликовниот сектор во Работничкиот дом-Универзитет. Во рамки на Културно информативниот центар  формира клуб за љубители на уметноста. Еден од основачите е на групата ‘Денес’ – кружок на уметници за промовирање на модерна уметност во РМ по Втора светска војна. Член е и на групата ‘Мугри’. Учествува во создавањето на списанието ‘Стремеж’. Заедно со проф. Бошко Бабиќ во Прилеп формираат ликовна колонија која е најстарата колонија во Југоисточна Европа.

На крај ми останува единствено да кажам – ти благодарам дедо што пораснав со твоите “Музиканти”

Image

Gallery

Изложба на Групата ‘ДЕНЕС’

This gallery contains 6 photos.

Осврт на Лазар Личеноски Ликовниот живот во нашата земја од година во година се појако пулсира и се развива како квалитативно така и квантитативно. Но од друга страна пак е потиснат со самото тоа што не постои, салон за помали … Continue reading

Link

http://www.idividi.com.mk/

1923 Во селото Големо Илино, Кичевско, е роден Ристо Лозаноски, македонски академски сликар. Неговиот опус изнесува околу 150 слики во маслена техника, повеќе цртежи и графики. Умре во Белград, на 13 мај 1965 година. 
Gallery

Сликарот и Уметноста од ‘Маркови Кули’ – по повод годишнината од неговото раѓање

This gallery contains 6 photos.

Денес на 5ти Март неколку уметнички дела од опусот на дедо ми Ристо Лозаноски ги претставуваме за првпат во јавност по долгогодишен молк – како на институциите, така и на нас фамилијата. Денот е посебен бидејќи точно на овој ден е … Continue reading